Давид Де Хеа најверојатно повеќе нема да биде член на Манчестер јунајтед од летото 2023 година.
Договорот на шпанскиот голман истекува на крајот од оваа сезона, а челниците на „црвените ѓаволи“ не сакаат да го продолжат. По заминувањето на Кристијано Роналдо, Де Хеа моментално е најплатениот играч на Јунајтед.
Манчестер јунајтед, како замена за 32.годишниот Де Хеа, има три опции Дин Хендерсон, кој брани брилијантно на позајмица во Нотингем форест, како и Диого Кошта, голманот на Порто и Јан Зомер од Борусија Менхенгладбах.
Де Хеа пристигна во Манчестер во 2011 година за 25 милиони евра од Атлетико Мадрид. Тој со години важеше за еден од најдобрите голмани на Островот, но неговата форма варираше во последните години и тоа е причината поради која Јунајтед сака да се раздели од неговите услуги и да го зголеми буџетот за да донесе засилувања.