Фудбалскиот клуб Јувентус е заинтересиран за играчот на Лестер, Јури Тилеманс.
Јувентус сака да го доведе белгискиот играч бидејќи договорот на Адриен Рабиот истекува на крајот на сезоната.
Рабио не сака да потпише нов договор со „старата дама“, објави Калчомеркато.
Исто така, договорот на Тилеманс со Лестер истекува на лето и се чини дека и тој не сака да ја продолжи соработката со својот клуб.
Тилеманс кариерата ја започна во Андерлехт, а потоа играше за Монако, од каде во 2019 година се пресели во Лестер.
Тој одигра 176 натпревари за Лестер, постигна 28 гола и го освои ФА Купот и Комјунити Шилд.