Top Sport

Тројца играчи го избркале Бензема од репрезентацијата

Францускиот напаѓач Карим Бензема поради повреда не настапи за Франција на Светското првенство во Катар, иако се рехабилитираше за време на групната фаза. Тој остана на списокот на „триколорите“, но селекторот Дидие Дешам не се реши да го искористи, па дури и Бензема реши да ја одбие поканата да го гледа финалето против Аргентина.

По завршувањето на Мундијалот, Бензема на социјалните мрежи објави дека повеќе нема да игра за националниот тим.

Познатиот новинар на француски „Лекип“ Ромен Молина ексклузивно објави дека пред да биде донесена одлуката, играчот на Реал, да биде отстранет од репрезентацијата бил одржан состанок на кој присуствувале Бензема, Гризман, Лорис и Погба, кој поради повреда и не бил ниту планиран за Светското првенство.

Во тој „пријателски“ разговор на Бензема му било објаснето дека не е пожелен во репрезентацијата и дека без него е подобро, по што таа одлука му беше соопштена на Дешам. Селекторот решил да ги послуша своите најверни играчи.

Новинарот Молина, тврди дека во најлош однос со играчот на Реал бил Гризман, кој најмногу настрада како играч откако напаѓачот се врати во репрезентацијата, а во негово отсуство беше меѓу најдобрите играчи на СП во Катар.

Scroll to Top