Фудбалскиот клуб Ливерпул, го пријави во локалната полиција својот најдобар играч Мохамед Салах, бидејќи користел мобилен телефон додека возел.
Полицијата во Мерсисајд потврдила дека добила пријава и дека информацијата била проследена до одделението на сообраќајната полиција.
Портпаролот на Премиер лигата рекол дека полицијата била известена, откако било разговарано со фудбалерот и дека целиот случај ќе биде решен интерно.
Видеото кое било објавено на социјалните мрежи, покажува како Салах додека вози разговара на телефон. Во моментот кога била направена снимката, околу возилото на Салах имало голем број навивачи.
Liverpool striker Mo Salah has been referred to the police by his club after he was apparently filmed using a mobile phone at the wheel of his car. pic.twitter.com/dLxO0AiLfj
— BBC North West (@BBCNWT) August 13, 2018
„Клубот по разговорот со фудбалерот ја извести полицијата до која се испратени снимката и сите податоци поврзани со случајот“, рекол портпаролот на Премиер лигата.
„Разговаравме со фудбалерот и целиот случај ќе биде решен интерно. Ниту клубот, ниту фудбалерот, нема да даваат изјави поврзани со случајот“, дополнил портпаролот.