Шпанскиот тенисер Рафаел Надал во интервју за американскиот „Си-би-ес“ ја откри тајната што со години ја интригира јавноста, зошто постојано ги поместува шишињата со вода или пијалок додека седи и одмора меѓу два гема.
„Ако не го сторам тоа со шишињата и само седам на столчето, тоа би значело дека мислите ми залутале. Ако секогаш го правам тоа со шишињата, тоа значи дека сум максимално подготвен и дека сум фокусиран исклучиво на тенисот“, изјави Надал.
Во 2022 година, Надал освои два гренслем турнири, заедно со уште два АТП трофеи.
Моментно тој се наоѓа на второто место на АТП листата зад сонародникот Карлос Алкараз.