Доменико Кришито по петти пат се врати во својот омилен клуб Џенова по кратката и неуспешна авантура со канадскиот Торонто ФЦ. 35-годишниот Кришито од 2 јануари официјално ќе биде член на италијанскиот второлигаш откако си замина како слободен агент од МЛС клубот.
Иако е роден во близината на Неапол, Кришито поголем дел од кариерата помина во Џенова, каде што започна во нивната младинска академија во 2002 година. Тој еден период беше играч во ко-сопственост на Јувентус, по што помина време и во клубот од Торино, пред во 2011 година да замине во Зенит Санкт Петерсбург. Во 2018 година тој се врати повторно во Џенова, за да замине во Торонто во јули оваа година.
Тој ја има целосната поддршка на новиот тренер на Џенова, поранешниот напаѓач Алберто Џилардино.
🔴🔵 Bentornato Mimmo!
🤝 La Società comunica che dal 2 gennaio 2023 Domenico Criscito tornerà a vestire la maglia del Genoa. pic.twitter.com/AmdSc6nb5i
— Genoa CFC (@GenoaCFC) December 27, 2022