Top Sport

Белорусија ја осуди светската шампионка Херасименија на 12 години затвор!

Судот во Минск ја осуди во отсуство поранешната светска шампионка во пливање, Алиаксандра Херасименија и политичкиот активист Александер Опејкин на 12 години затвор поради „загрозување на националната безбедност“ на земјата.

„Тие беа осудени за јавните повици за вршење на активности за нарушување на националната безбедност на Белорусија“, објави државната новинска агенција „БелТА“, посочувајќи дека ќе биде одземен нејзиниот стан во Минск, нејзиниот автомобили и 48.700 долари кои се нејзините банкарски сметки.

36-годишната Херасименија, која освои три олимписки медали за Белорусија е една од повеќето спортисти кои си заминаа од земјата по протестите против претседателот Александер Лукашенко во август 2020. Оттогаш таа живее во Литванија.

Опејкин е претседател на Белоруската фондација за спортска солидарност, која им помага на спортистите кои беа приведени од властите.

Scroll to Top