Ракометната репрезентација на Македонија доживеа минимален пораз (30:31) на вториот пријателски натпревар против Црна Гора што се одигра денеска во Маврово.
Мечот беше од затворен карактер и многу понеизвесен од претходниот на кој Македонија оствари триумф од 38:33.
Националниот тим и на овој натпревар беше без голманот Никола Митревски, како и без Филип Кузмановски, кој допрва треба да се приклучи на репрезентацијата.