Челниците на Реал решиле дека во зимскиот преоден рок треба да го ангажираат фудбалерот на Борусија Дортмунд, Џуд Белингем, пренесува шпанска „Марка“.
„Реал го „гледа“ како најважниот играч за идните сезони и сака да го доведе пред останатите заинтетесирани клубови да се вклучат во трката. Првиот план беше да го купат на крајот од сезоната, но работите се сменија, Реал сега сака да го донесе Белингем во јануари“, тврди „Марка“.
Шпанскиот клуб е подготвен да понуди 100 милиони евра за младиот Англичанец.
„Германскиот клуб нема да се противи на трансферот. Во Мадрид, се свесни дека Лука Модриќ се ближи кон крајот на кариерата, а сметаат дека Белингам ќе биде неговиот наследник“, додава шпанскиот весник.
Интерес за Белингем покажа и Ливерпул. Тој во Дортмунд пристигна во 2020 година од Бирмингем за 25 милиони евра, а за Борусија одигра 112 натпревари и постигна 19 голови.