Top Sport

Дембеле или Рафиња, еден од нив ќе мора да го напушти „Ноу Камп“

Усман Дембеле или Рафиња, еден од нив двајца ќе ја напушти Барселона по завршувањето на сезоната. Тренерот Чави има доволно време да реши кој ќе замине.

Дембеле и Рафиња ја делат позицијата, идејата на Чави едниот да игра десно, а другиот лево во нападот, не се покажа како вистинска.

Гледано од оваа перспектива поблиску до заминување е Рафиња. За овој играч Барселона плати 60 милиони евра и буквални пред нос им го зеде на Челси. Од друга страна по долги преговори претседателот Џоан Лапорта и тренерот Чави успеаја да го убедат Дембеле да остане на „Ноу Камп“.

Рафиња постигна два гола и додаде четири асистенции на осумнаесет натпревари, Дембеле постигна пет гола и додаде седум асистенции на дваесет натпревари.

Покрај Дембеле или Рафиња, постои можност Барселона да ја напушти и Феран Торес. Неговиот трансфер од Манчестер сити, на три рати, ја чини Барселона 55 милиони евра. Шпанскиот репрезентативец исто така не ги оправда очекувањата.

Се две продажби кои во клупската каса можат да донесат повеќе од 100 милиони евра, Барселона ќе може да се активира на трансфер пазарот, бидејќи повторно има забрана за трансфери од Ла Лига поради кршењето на правилникот за финансиски фер-плеј.

Scroll to Top