Еден од најдобрите играчи на Аргентина на неодамна завршеното Светско првенство беше талентираниот играч за врска Алексис Мекалистер, а благодарение на феноменалните игри во Катар има можност да избере каде ќе ја продолжи кариерата.
Тој е фудбалер на Брајтон од јануари 2020 година, а со англискиот клуб има договор до 2025 година.
Тоа значи дека ова е идеалниот момент за него да ја смени средината, а клубот ќе заработи многу пари на трансферот.
Неговата пазарна вредност се проценува на околу 45 милиони евра, а многу клубови го посакуваат во своите редови.
Понуда за одличниот Аргентинец веќе испратија Ливерпул, Јувентус, Челзи и Атлетико Мадрид, а се очекува тоа да го сторат клубовите од Манчестер до крајот на неделата.
Според италијанските медиуми, Мекалистер, имал желба кариерата да ја продолжи во редовите на Јувентус. Наводно ваква одлука донел во договор со семејството.