Францускиот репрезентативец, Оливие Жиру е блиску до продолжување на договорот со италијанскиот шампион Милан, пренесуваат италијанските медиумите.
Искусниот, 36. годишен напаѓач пристигна на „Сан Сиро“, од Челси, во летото 2021 година во трансфер вреден 2.850.000 и беше еден од најважните играчи минатата сезона, кога Милан по пауза од една деценија ја освои титулата во Серија А.
Французинот досега одигра 57 натпревари во дресот на Милан и постигна 23 гола.
Има договор меѓу челниците на Милан и Жиру за продолжување на соработката, а се би требало да се официјализира наскоро кога менаџерот на напаѓачот ќе ги започне преговорите со клубот.
Поради возраста договорот ќе биде продолжен на уште една година.