Top Sport

Нејмар намерно добил црвен картон за да биде слободен за Нова година?

Бразилецот Нејмар на синоќешниот натпревар на ПСЖ против Стразбур доби два жолти картони и беше исклучен. Вториот го заработи за обид да симулира пенал, а тоа придонесе во текот на денешниот ден да добие многу критики.

Обвинувањата одат до таму што има сомнежи дека Нејмар и намерно заработил црвен картон за да може да биде слободен за Нова година и да замине на забава во Бразил.

ПСЖ на 1 јануари има натпревар против Ленс, но сега Нејмар дефинитивно нема да конкутира за составот на Кристоф Галтие поради црвениот картон.

Од порано е познато дека Нејмар редовно пријавува повреда или добива црвен картон во пресрет на роденденот на неговата сестра. Сега е „обвинет“ дека намерно „поцрвене“ за да може да слави бурно за новогодишната ноќ.

Scroll to Top