Руската фудбалска унија (РФУ) објави дека ќе формира работна група која ќе разговара со европската фудбалска федерација УЕФА и другите организации во обид да се изнајде начин рускиот фудбал да се врати во интернационалните натпреварувања.
Оваа одлука беше објавена на состаноот на Извршниот одбор на федерацијата во Москва, каде што се очекуваше потенцијална одлука за целосно напуштање на УЕФА и преселба во Азиската фудбалска конфедерација (АФЦ). Наместо тоа, претседателот на РФУ, Александер Дјукови изјави дека ќе се презмат чекори за разговори со УЕФА, ФИФА, но и Интернационалниот олимписки комитет (ИОЦ).
„Беше одлучено да се свртиме кон УЕФА околу формирање на работна група. Поканивме тројца членови на УЕФА, како и претставници од ИОЦ и ФИФА. Мислам дека ФИФА се заинтересирани, бидејќи и за нив е важно да се најде решение. Целта е да се изработи план за брзо враќање на рускиот фудбал во интернационалните натпреварувања. Групата ќе биде формирана веднаш по новогодишните празници и ќе треба да ја заврши работата до 1 април“, вели Дјуков за „РИА новости“.
ФИФА и УЕФА целосно ја исфрлија Русија од сите натпреварувања во февруари, кога започна војната во Украина. И покрај најавите за „преселба“ во АФЦ, се веруваше дека УЕФА се противи на ваква одлука.