Top Sport

Торино ќе го откупи договорот на Влашиќ

Торино по завршувањето на сезоната ќе го откупи од Вест Хем договорот на Никола Влашиќ, пренесува Тутомеркато.

Влашиќ моментално е на позајмица од Вест Хем Јунајтед во седумкратниот шампион на Италија, а „биковите“ ќе имаат опција да го откупат за 15.000.000 евра.

Според Тутомеркато, таа цена е фантастична за челниците на Торино бидејќи хрватскиот офанзивен играч за врска објективно вреди двојно повеќе.

Влашиќ стана незаменлив играч во тимот на Иван Јуриќ, пишува Тутомеркато и затоа клубот реши да го откупи неговиот договор.

Оваа сезона, тој забележа 16 настапи за Торино во сите натпреварувања, постигнувајќи четири гола и давајќи четири асистенции. На неодамнешното Светско првенство, тој играше на шест од седум натпревари за Хрватска.

Scroll to Top