Поранешниот легендарен менаџер на Арсенал, Арсен Венгер смета дека „топчиите“ оваа сезона можат до титулата бидејќи се предводени од „неверојатниот“ Мартин Одегард.
Арсенал имаат 7 поени предност пред актуелниот шампион Манчестер сити по вчерашната 4:2 победа над Брајтон, и Венгер, кој освои три премиерлигашки титули со клубот вели дека тимот има вистински менталитет под Микел Артета, но и одлично лидерство под Одегард, кој го постигна својот седми гол оваа сезона против Брајтон.
„Повторно фантастичен меч, Арсенал станува посилен и посилен. Мислам дека ги имаат сите потребни елементи, тактички и ментално. Гледате колку шанси создаваат и искрено не гледам слабости во тимот. Тука е и Одегард, играч кој прави брзи одлуки и секогаш се исправни. Навистина ми се допаѓа што го прави фудбалот да изглеа многу лесен. Вистински лидер на тимот“, вели Венгер.