Новак Ѓоковиќ со пораз ја започна сезоната. Изминатата ноќ, Ѓоковиќ загуби во првото коло на турнирот во Аделаида со Канаѓанецот Васек Поспишил во конкуренција на двојки.
Томислав Бркиќ од Босна и Херцеговина и Еквадорецот Гонсало Ескобар беа подобри од Ѓоковиќ и Поспишил со 4:6, 6:3, 10:5.
По минатогодишното депортирање од Австралија, Ѓоковиќ во Аделаида беше пречекан со овации, но Бркиќ и Ескобар останаа мирни под притисокот.
Босанецот и Еквадорецот спасија шест од седумте брејк топки со кои се соочија во мечот кој траеше еден час и 29 минути. Српско-канадската двојка го доби првиот сет со брејк во третиот гем, вториот го загуби откако во четвртиот гем ривалите им го одземаа сервисот, додека Бркиќ и Ескобар во решавачкиот сет од резултатот 4:4, направија серија и славеа со 10:5 .
Ѓоковиќ вечерва ќе го започне турнирот во сингл, а прв противник ќе му биде Французинот Констант Лестиен.