Турнирот од серијата 250, во Аделаида, започна со две големи изненадувања. Турнирот заврши за двајца носители, вториот и петтиот, Феликс Оже-Алиасим и Холгер Руне.
Канѓанецот Оже-Алијасим, испадна од некогаш големиот талент, а сега 120. тенисер во светот Алексеј Попирин. Тенисерот од Сиднеј победи во два сета со резултат 6:4, 7:6 (7-5). Попирин во следното коло ќе игра со Маркос Џирон.
Младиот Данец, Руне, со пресврт беше поразен од Јошито Нишиока со резултат 2:1. Руне доминираше во првиот сет, кој го доби со резултат 6:2, но остатокот од мечот му припадна на противникот, кој двата сета ги доби со ист резултат (6:4).
Нишиока во следното коло ќе игра со Мекензи Мекдоналд од САД.