Top Sport

Барселона мора да ги намали платите и не може да носи нови играчи

Фудбалскиот клуб Барселона во новата година влезе со стартите проблеми. Каталонците и понатаму имаа огромни финансиски проблеми. Испаѓањето од групата во Лигата на шампионите само дополнително ги зголеми проблемите во клубот.

Барселона никако не може да најде начин да го испочитува финансискиот фер-плеј во Ла Лига, поради што нема да може да се засилува во зимскиот преоден рок.

„Барселона мора да го намали буџетот за плати за најмалку 200 милиони евра. Клубот не може да носи нови играчи. Барселона ќе мора да продаде барем еден играч за значителна сума на пари“, објави радио Каталуња.

Медиумите шпекулираат дека на крајот од сезоната клубот ќе го напушти Феран Торес, кој пред една година за 55 милиони евра пристигна од Манчестер сити, но не успеа да се наметне, а не се исклучува и опцијата да замине и Бразилецот Рафиња, кој не ги оправда очекувањата.

Scroll to Top