Top Sport

„Секоја земја треба да има по еден стадион кој ќе се вика Пеле“

Првиот човек на ФИФА, Џани Инфантино, отпатува во Бразил за да му оддаде почит на Пеле. Легендарниот фудбалер ќе биде погребан во вторник.

Претседателот на ФИФА, изјави дека ќе покрене иницијатива за именување на најмалку еден стадион во секоја земја по Кралот на фудбалот, кој почина на 29 декември на 83-годишна возраст во Сао Паоло, по долга битка со ракот.

„Ќе покренеме иницијатива сите земји во светот да имаат барем еден стадион кој го носи името на Пеле за сите деца да знаат колку тој бил важен за фудбалот“, изјави Инфантино.

Британските медиуми потсетуваат дека ковчегот со телото на легендарниот фудбалер беше префрлен претходно денеска од болницата „Алберт Ајнштајн“ во Сао Паоло, каде што почина, на стадионот на Сантос. Ковчегот со телото на познатиот фудбалер е поставен во центарот на теренот. Инфантино меѓу првите се прости од Пеле.

„Почувствував многу емоции, тага, но и насмевки, бидејќи Пеле ни подари многу насмевки. Ќе побараме едноминутно молчење насекаде во светот“, додаде првиот човек на ФИФА.

Сите навивачи ќе имаат можност да се простат од Пеле, бидејќи влезот на стадионот на Сантос ќе биде дозволен без прекин до вторник во 10.00 часот по локално време кога поворката ќе се пробие низ улиците на Сао Паоло до гробиштата каде што ќе биде погребан. .

Поворката ќе помине и покрај куќата во која живее 100. годишната мајка на Пеле, а на самиот погреб ќе присуствува само семејството на легендарниот фудбалер.

Scroll to Top