Top Sport

Везенков го продолжи договорот со Олимпијакос

Бугарскиот крилен центар Александар Везенков го продолжи договорот со Олимпијакос. Везенков го потпиша новиот договор, во присуство на браќата Ангелопулос, директорите на клубот и сега е играч на Олимпијакос до летото 2025 година.

Везенков одигра фантастично во претходните две години во дресот на Олимпијакос и според многумина во моментов е најдобрата „четворка“ во Евролигата.

Бугаринот има 27 години, висок 206 сантиметри, а играч на Олимпијакос е од 2018 година. Претходно играше за Арис и Барселона, а има и грчко државјанство бидејќи е роден во Никозија.

Претходната сезона беше фантастична за него, беше избран во идеалната петорка на Евролигата, беше грчки шампион, како и најдобар стрелец и МВП на националното првенство.

Во тековната сезона тој е еден од најдобрите играчи во Евролигата – просечно бележи 19,2 поени, 7,2 скока, 2 асистенции и 1,3 украдени топки по натпревар.

Везенков е драфтуван во 2017 година како 57. пик, во моментов правата на него ги поседуваат Сакраменто Кингс.

 

Scroll to Top