Арсенал треба значително да ја зголемат својата понуда за крилото на Шахтјор Доњецк, Михајло Мудрик ако сакаат да го комплетираат трансферот на 21-годишникот во јануарскиот преоден рок.
Ова доаѓа откако Шахтјор ја одби втората понуда на „топчиите“ од 70.5 милиони евра, останувајќи на својата проценка од фантастични 100 милиони евра за еден од најталентираните европски фудбалери. Се верува дека менаџерот Микел Артета инсистира на комплетирањето на трансферот за да ги подобри опциите во нападот во вториот дел од сезоната кога треба да ја заддржат предноста на врвот на премиерлигашката табела.
Според „Гол“, Шахтјор се подготвени да се откажат од преговорите и да почекаат до летниот преоден рок, кога би очекувале и понуди од други клубови.