Top Sport

Кубацки победи во Инсбрук, Гранерунд води во трката за „Златниот орел“

Полјакот Давид Кубацки победи на третата станица, на традиционалната Новогодишна турнеја. Во Инсбрук, Кубацки победи пред лидерот во вкупниот поредок Гранедунд и Слобенецот Ланишек.

Кубацки победи со сковоите од 127 и 121,5 метри. Идентчни скокови имаше и Ланишек, но и за двата скока доби послаби оценки од судиите. Втор заврши Норвежанецот Гранерунд со скоковите од 123 и 133 метри.

Пред последниот натпревар во Бишосхофен, Гранерунд има 877,8 поени или 23,3 поени повеќе од Кубацки.

Утре во Бишосхофен на програмата се квалификациите, а главниот натпревар е на 6.јануари.

Scroll to Top