Top Sport

Светскиот првак ќе го брани голот на Ајакс

Аргентинскиот голман Херонимо Руљи кариерата ќе ја продолжи во Ајакс. По заминувањето на Андре Онана, голот на Ајакс го бранеа 40. годишните Мартин Секеленбург и Ремко Пасвер.

Руљи, во Амстердам се сели од Виљареал. Тој беше еден од најзаслужните за трофејот во Лига Европа што го свои Виљареал пред две и пол години.

Трансферот на Аргентинецот може да достигне 15 милиони евра, фиксно Ајакс ќе плати 7,5 милиони евра, а според пишувањата на медиумите низ лесно остварливи бонуси Шпанците ќе добијат уште пет милиони евра.

Херонимо Руљо освои златен медал со Аргентина на Светското првенство во Катар.

Scroll to Top