Арсенал во наредните денови ќе се обиде да го ангажира Деклан Рајс од Вест Хем, пренесува британското издание на „Фудбал 365“. Идејата на клупските челници ја поддржал и менаџерот Микел Артета.
Пред Нова година беше објавено дека за 23. годишниот репрезентативец на Англија е заинтересиран и лондонски Челзи, но сега ситуацијата е малку поинаква.
Во секој случај, Рајс наскоро ќе го напушти Вест Хем, бидејќи и самиот призна дека сака да игра во најсилните европски клупски натпреварувања. Неговиот сегашен клуб е на самото дно на табелата и се бори за опстанок во Премиер лигата.
Од друга страна, Вест Хем има цврст договор со играчот од средниот ред до 2024 година и не би го пуштиле за помалку од 100 милиони евра.
Тоа е сума што нивните соседи од северен Лондон очигледно се подготвени да ја платат. Сепак, поверојатно е Рајс да остане во Вест Хем до крајот на сезоната и дека ќе замине во летниот преоден рок.