Top Sport

Роналдо ќе дебитира на 21.јануари

Португалскиот фудбалер Кристијано Роналдо ќе дебитира за Ал Наср на 21. јануари во натпреварот од 14. коло на професионалната лига на Саудиска Арабија против Ал Итифак.

Роналдо пред два дена беше промовиран во Ријад како ново засилување на Ал Наср. Навивачите на овој клуб очекуваа португалскиот фудбалер да дебитира за новиот клуб на натпреварот против Ал Таи во среда.

Сепак, Роналдо ќе мора да пропушти два меча поради суспензијата изречена од ФА додека настапуваше за Манчестер jунајтед.

Португалецот доби суспензија на два натпревари откако му го скрши мобилниот телефон на момче со аутизам додека го напушташе теренот по натпреварот со Евертон во Ливерпул.

Португалецот не стигна да ја одработи казната, бидејќи одлуката е донесена еден ден по раскинувањето на договорот со Манчестер jунајтед. Според прописите на ФИФА, играчите кои не ја одлежале суспензијата во претходните лиги мора тоа да го направат во новиот шампионат.

Ал Наср ќе се соочи со Ал Шабаб на 14. јануари, а една недела подоцна ќе игра против Ал Итифак.

Роналдо потпиша договор со Ал Наср до јуни 2025 година, а треба да заработува 200 милиони евра по сезона.

Scroll to Top