Френк Лампард знае дека неговата позиција како менаџер на Евертон не е стабилна и никогаш не барал гаранции дека ќе остане тренер, откако во последните пет меча од Премиерлигата освоија само еден поен и се наоѓаат во зоната за испаѓање.
Иднината на Лампард посебно стана неизвесна по катастрофалната 1:4 домашна победа од Брајтон, со што „карамелите“ имаат само една победа во 11 меча во сите натпреварувања. Тој вели дека имал разговори со газдите и со управата на клубот, но дека не барал гаранции.
„Никогаш не сум барал такви гаранции. Мојата работа е да се фокусирам на следниот меч и на мојата работа. Не ми се потребни гаранции. Дојдов тука да работам и да го подобрам клубот. Не сум наивен, знам дека ни се потребни поени за да останеме во Премиерлигата. Сите предизвици се пред нас и ќе работиме да ги оствариме целите“, вели Лампард.
Следен меч на Евертон е гостувањето кај Манчестер јунајтед во меч од ФА купот веќе утре.