Top Sport

Барса мора да заработи 26 милиони евра до летниот преоден рок

Барселона мораат да заработат 26 милиони евра пред да можат да се фокусираат на купување на играчи во летниот преоден рок поради стриктните правила на шпанската Ла лига, потврди претседателот на клубот, Жоан Лапорта.

Во интервју за каталонскиот „Спорт“, Лапорта зборуваше за финансиската состојба на клубот, посочувајќи дека тие мораат да внесат 26 милиони евра во клубот поради таканареченото „1:1“ правило на Ла лига. Со оваа заработувачка, клубот ќе има начин пофлексибилно да ракува со своите финансии, односно да троши едно евро за секое заштедено евро.

Лапорта смета дека наједноставен начин за оваа заработувачка е да се освои титулата од Лига Европа, што нема да биде лесна задача – каталонскиот клуб игра со Манчестер јунајтед, а и да ги помине „ѓаволите“ ќе ги очекуваат силни противници. Лапорта инсистира дека друга можност е осигурување на спонзорство од богати партнери, но и потенцијални пари од пријателски мечеви.

Scroll to Top