Дефанзивецот на Њукасл, Киеран Трипиер признава колку било тешко да се заддржи Лионел Меси откако се „судри“ со Аргентинецот во шпанската Ла лига кога беше фудбалер на Атлетико Мадрид.
Трипиер помина три години во шпанскиот фудбал и во интервју за „Кит колектор“ со дресовите кои му ја одбележиле кариерата, открива дека дури и тренерот Диего „Чоло“ Симеоне немал план како да го сопре својот сонародник.
„Не можеш да го сопреш, да бидеме реални. Смешн е бидејќи Симеоне беше тренер и двајцата се Аргентинци. Дури и тој пред мечевите ни кажуваше: ‘молете се’. Не можете да направите ништо. Не можете да се организирате или да направите сетап да го сопрете бидејќи е уникатен играч“, вели Трипиер.
Англичанецот беше дел од тимот на Атлетико кој ја освои шпанската титула во 2020/21 и вели дека научил многу од Симеоне и од шпанскиот фудбал.
„Се надевам дека повеќе англиски фудбалери ќе решат да отидат на страна бидејќи јас добив фантастично искуство со Симеоне. Научив многу и за самиот себе. Оди и уживај во мечот, уживај во животот во Шпанија, во храната, во времето. Тоа беа неверојатни години за мене“, додава Англичанецот.