Top Sport

Премиерлигашите ќе преговараат за излегување од Карабао купот и можен „Ол-стар“ натпревар

Шест претставници на Премиерлигата, луѓе од Фудбалската асоцијација (ФА) и Англиската фудбалска лига (ЕФЛ) утре почнуваат со преговори кои можат да донесат радикални промени во натпреварувањата како ФА купот, Карабао купот и Комјунити шилд натпреварот, тврди „Тајмс“.

Помеѓу предлозите кои ќе се разгледуваат се укинување на преигрувањето во ФА купот, целосно укинување на Карабао купот или дозвола за пуштање на младински состави во тимот и преселба на Карабао купот од датумот како традиционално отварање на сезоната. Според „Тајмс“, ова се идеи според планот „Нов договор за фудбалот“, за најголеми промени во Англија по воведувањето на Премиерлигата во 1992 година.

Покрај ова, Премиерлигата ќе се обврзе да подели поголем дел од парите ои ги заработува со пониските англиски лиги, откако ЕФЛ побара 300 милиони фунти за помош, а елитата смета дека 150 милиони фунти се доволно.

Комјунити шилд натпреварот, пак, може да се трансформира во „Ол-стар натпревар“ налик на тие во американските професионални лиги, нешто што го предложи новиот газда на Челси, Тод Бели.

Scroll to Top