Top Sport

Наредната недела ќе биде решено дали Дешан ќе остане селектор на Франција

Претседателот на Фудбалската федерација на Франција (ФФФ), Ноел ле Грае изјави дека одлуката за иднината на Дидие Дешам на клупата на репрезентацијата ќе биде позната следната недела по седницата на ФФФ закажана за викендот.

Договорот на Дешам истече на 31. декември, две недели откако Франција беше поразена од Аргентина во финалето на Светското првенство во Катар.

Селекторот Дешам и Ле Грае се сретнаа на 29. декември, без да се договорат за условите за продолжување на соработката.

Во изјава за францускиот спортски весник „Лекип“, Ле Грае објасни дека ниту денеска ниту утре нема да се расправа на Собранието на федерацијата за судбината на селекторите.

„Одлуката ќе биде донесена по Собранието“, рече тој.

Како што пишува „Франс прес“, остануваат неколку мали несогласувања меѓу двете страни, пред се околу времетраењето на договорот. Дешам, е на функцијата од 2012 година, тој би сакал да остане до Светското првенство во 2026 година во Северна Америка, додека Ле Грае сака тоа да биде до Европското првенство во 2024 година.

Scroll to Top