Беле да Силва, сопругата на дефанзивецот на Челси, Тијаго Силва повторно ги „прозва“ навивачите на Челси, откако на „Стемфорд Бриџ“ имаше свирежи при 1:0 поразот од Манчестер сити, резултат по кој „сините“ остануваат на 10. место на табелата.
Сопругата на Силва од „боксот“ на „Стемфорд Бриџ“, додека повеќето фанови околу неа беа тивки, почна да пее „Ајде Челси“ покажувајќи го несогласувањето со свирежите. Таа го постави ова видео на социјалните мрежи со порака: „Не доаѓајте на ‘Стемфорд Бриџ’ ако не пеете! COME ON CHELSEA!!“.
Ова не е првпат таа да влезе во конфликт со навивачите – по 2:2 ремито со Тотенхем на „Стемфорд Бриџ“, таа јавно ја запраша управата на Челси зошто на стадионот нема банер од нејзиниот сопруг.
Don’t come to Stamford Bridge if you’re not singing COME ON CHELSEA !!! #blueisthecolour @ChelseaFC @tsilva3 pic.twitter.com/Cl9JxdM0vX
— Belle Silva (@bellesilva) January 5, 2023