Top Sport

Хорват по дуелот со Македонија: Глава ме боли кога ќе го погледнам резултатот

Хрватската ракоемтна репрезентација ја победи Македонија со 40:34 во првиот натпревар на подготвителниот турнир „Кроација куп“ во Пореч. Хрватска ја предводеше Иван Мартиновиќ, кој постигна осум гола. Паоло Краљевиќ постигна шест гола, а Игор Карачиќ пет. Ловро Михиќ и Филип Главаш по четири пати ја погодија мрежата. Дејан Манасков и Филип Кузмановски со седум гола беа најефикасни на натпреварот.

„Атмосферата беше неверојатна, полната сала е изненадување и поттик за сите нас. Кога ќе го погледнам резултатот, ме боли глава, искрено. Не бевме добри во одбраната, одбраната се игра со нозе, а не со раце. Многу им дозволивме да играат внатре во деветте метри. Нашата одбрана не смее да пати поради транзицијата кон напред , мора да се справиме со тоа добро пред почетокот на Светското првенство. Офанзивно беше во ред“, изјави селекторот на Хрватска Хрвоје Хорват по натпреварот.

Македонија на турнирот во Пореч утре че игра против Израел.

Scroll to Top