Црвена Звезда на 30. декември по продолженија беше поразена од Барселона во Евролигата, а со звукот на сирената шпанскиот тим израмни со тројката на Никола Миротиќ.
Неспорно беше тоа што Миротиќ стапна на надворешната линија пред да погоди за три поени, тоа го призна и Евролигата, а сега реагираше.
Соопштено е дека е казнет судијата од Естонија Оре Халико кој бил во непосредна близина.
Тој ќе оди на „ладење“ на дури четири натпревари колку што трае суспензијата поради споменатата грешка.
„Кога ја прими топката, Никола Миротиќ стапна на надворешната линија и тоа мораше да и даде посед на Звезда на 3,3 секунди до крајот“, се вели во соопштението на Евролигата.