Top Sport

Шпанецот ја прифатил понудата – Португалија ќе добие нов селектор

Фудбалската репрезентација на Португалија, во текот на следната недела ќе добие нов селектор. Поради неуспехот на Светското првенство во Катар, Фудбалскиот сојуз на Португалија, реши да се раздели со Фернандо Сантош. Португалците во Катар беа елиминира од Мароко во четвртфиналето.

Познатиот англиски новинар Дејвид Орнштајн ексклузивно ја пренесе информацијата дека нов селектор на Португалија ќе биде Роберто Мартинез. Орнштајн тврди дека Мартинез постигнал вербален договор да стане нов селектор на Португалија.

„Роберто Мартинез усно се согласи да стане нов селектор на Португалија. Ќе го наследи Фернандо Сантош, а имаше многу понуди од репрезентации и клубови. Се ќе биде потпишано до крајот на следната недела”, напиша Орнштајн.

Поранешниот тренер на Стоук, Виган и Евертон ја напушти Белгија по Мундијалот во Катар. Мартинез ја предводеше Белгија од 2016 година, а си замина по неуспехот на СП. Белгија во Катар не успеа да ја мине групата во која беа Мароко, Хрватска и Канада.

Scroll to Top