Голманот на Челзи, Едуард Менди, ќе паузира извесно време бидејќи ја запона рехабилитацијата од операцијата на прстот, објави лондонскиот клуб.
Менди го скршил прстот на тренингот оваа недела и ќе биде на рехабилитација додека целосно не закрепне.
Во 2020 година, сенегалскиот голман дојде од Рен во Челзи, за кој одигра 104 натпревари, но го загуби местото во тимот, па сега е прв голман на Кепа Аризабалага.
Британските медиуми шпекулираа дека 30. годишниот Менди овој месец би можел да го напушти „Стемфорд Бриџ“, а за него се заинтересирани Милан и Јувентус.