Сан Антонио Спарс можеби е еден од најлошите тимови во НБА оваа сезона, но публиката и понатаму ја сака кошарката. На 13. јануари оваа франшиза би можела да го собори рекордот по број на гледачи на еден натпревар во НБА.
Спарс решија да одиграат еден натпревар во „Аламодомот“, по повод 50. годишнината од основањето на франшизата. Станува збор за затворена сала која може да прими околу 65 илјади луѓе и е дом на универзитетскиот фудбалски клуб Роудранерс, а се работи за студентите на универзитетот Тексас Сан Антонио.
Сан Антонио Спарс играа во оваа сала од 1993 до 2002 година. Во „Аламодомот“ се играа и неколку големи финалиња на НЦАА, а исто така беше домаќин на Њу Орлеанс Сејнтс во 2005 година.
Спарс се основани во 1967 година во Далас како Далас Чапаралс, но во 1973 година се преселија во Сан Антонио и оттогаш се Спарс.
За натпреварот со Голден стејт Вориорс на 13. јануари, Сан Антонио веќе продаде 57.000 билети, а останаа уште 8.000 билети. Доколку се продадат пет илјади билети, ќе биде соборен рекордот на мечот меѓу Чикаго и Алтанта од 1998 година. Тогаш во „Џорџија домот“, Чикаго Булс со Мајкл Џордан играа против Атланта Хокс пред 62.046 навивачи.