Top Sport

Интер остана без триумф во Монца во 93.минута

Фудбалерите на Интер во 17.коло го забележаа првиот нерешен резултат во Серија А оваа сезона. Монца освои еден бод во 93.минута против фаворитот. Кладриола го постигна голот за 2:2.

Гостите од Милано беа под притисок и императив за победа поради желбата да останат во траката за титулата. Почнаа добро, во 10. минута Матео Дармијан погоди по центаршутот на Бастони.

Интер беше во водство само една минута, на 1:1 израмни Патрик Сиурија.

Предноста на Интер му ја врати во 22. минута Лаутаро Мартинез. Аргентинецот ја искористи големата грешка на еден од дефанзивците на Монца.

Интер не успеа да ја обезбеди победата во второто полувреме, а шанси имаше. Најсериозната ја пропушти Лаутаро Мартинез, неговиот удар во 84.минута заврши во стативата.

На карјот Монца знаеше да ги казни тие промашувања. Во 93. минута Калдриола ја смести топката зад грбот на Онана за конечни 2:2.

Интер остана без важна победа. Наполи е лидер со 41 бод и натпревар помалку, Јувентус втор со 37 бода по денешната тешка победа од 1:0 над Удинезе. Тоа беше осма последователна победа на Старата дама и осма последователна без примен гол. Милан има 36 поени и натпревар помалку, а Интер 34 бодови.

Scroll to Top