Top Sport

Тренерот на Сеута му се налути на Чави: Ќе видиме кој имал среќа со жрепката

Тренерот на шпанскиот третолигаш Сеута, Хозе Хуан Ромеро го нападна тренерот на Барселона, Чави Ернандез кој коментираше дека имале „среќна ждрепка“ во Копа дел реј.

По тешката победа над третолигашот Интерсити со 4:3 по продолженијата, на Барселона во осминафиналето им се паддна Сеута, еден од неколкуте тимови кои се надвор од првата шпанска лига, и Чави изјави дека „имале среќа“ со извлекување на тимот кој е последен во третата лига и има само две победи ова сезона. Ромеро беше лут.

„Тоа не беше многу прикладен коментар. Можеше да го каже на поинаков начин и тоа навистина ме изнервира мене и сите во клубот. Нема да одиме на мечот да менуваме дресови, туку ќе одиме да ги победиме. Потоа, по мечот, ќе видиме кој имал среќа. Можеби Чави нема искуство што значи за клубови како нашиот да се игра во Купот бидејќи имал полесна работа како тренер“, вели Ромеро.

Scroll to Top