Top Sport

Лидс се спасија од срамна елиминација од Кардиф со гол во 93. минута

Премиерлигашот Лидс едвај успеа да примора римеч со 20-пласираниот тим во Чемпионшип, Кардиф сити, откако се вратија од 2:0 негативаа и израмнија со гол во 93. минута.

Велшкиот клуб уште во 24. минута го шокираше Лидс со голот на Џејден Филоџин-Бидејс, за во 31. минута да имаат 2:0 со голот на Шеји Оџо. Лидс успеа да се врати во игра со голот на Родриго во 65. минута од мечот и Шпанецот имаше совршена шанса да израмни во 81. минута кога беше досуден пенал, а домаќините останаа со играч помалку.

Меѓутоа, неговиот обид заврши во голманот, така што на тимот на Џеси Марч му беше потребен деби голот на тинејџерот Сони Перкинс за обезбедување на реприза пред домашна публика.

ФА КУП, 3.КОЛО
Кардиф – Лидс 2:2
Бристол – Свонси 1:1
Дерби каунти – Барнсли 3:0
Хартлпул – Стоук 0:3
Норич – Блекбурн 0:1
Стокпорт – Волсол 1:2

Scroll to Top