Галатасарај стигна до 3:0 победа во „интерконтиненталното дерби“ со лутите ривали Фенербахче, за да се одвои на четири поени од нив на табелата во Турската Суперлига.
Во меч кој секогаш носи голема страст, Галата дојдоа во водство во 32. минута преку Серхио Оливеира, откако претходно голот на Абдулкерим Бардакџи по 15 минути игра беше поништен. Тимот на Жорге Жесус ја обезбеди победата во 78. минута, кога Мауро Икарди му асистираше на Керем Актуркоглу за важни три поени. Нервозата кај Фенербахче беше очигледна и Ирфан Кавечи доби директен црвен картон во 88. минута од мечот. Икарди потоа во 101. минута од мечот ги постави конечните 3:0.
По 17 кола, Галатасарај се први со 39 поени, четири пред Фенербахче, додека на третото место се Башакшехир со 31 поен.