Тренерот на Наполи, Лучано Спалети, очигледно ја повратил довербата во Елиф Елмас, откако призна дека интервенирал тој да го изведе вториот досуден пенал за „партенопеи“ при 2:0 победата на гости кај Сампдорија.
Првиот досуден пенал беше промашен од Матео Политано, а Виктор Осимен ги донесе гостите во водство со убав гол, по што во финишот на мечот, кога беше досуден вториот пенал, Спалети решил да го направи изборот на изведувач.
„Имаме организација за извдување на пенали. Политано го изведуваше првиот бидејќи самите играчи го одлучија тоа во првото полувреме. Јас интервенирав на вториот пенал, за да му дадам шанса на Елмас“, вели Спалети.
Самиот Елмас по мечот призна дека добил инструкција од тренерот.
„Ќе шутира тој што ќе сака, нема некој кој мора да изведува пенали. Нишо не се смени, најважно беше да се даде гол и да се победи овој меч. Бев сигурен дека ќе го дадам голот, иако ова беше мој прв пенал како професионален фудбалер“, вели Елмас.
#Elmas: «I rigori? Li tira chi se la sente, non c’è chi deve tirare. L’importante è fare gol»
A Dazn: «Ero sicuro di segnarlo. Il ruolo? Il mister può mettermi dove vuole, anche in porta, non ci sono problemi: darò sempre tutto». https://t.co/HtqfNSBG9f
— il Napolista (@napolista) January 8, 2023