Милан не успеа да се врати на второто место на табелата во Серија А, откако и покрај доминацијата која ја покажа во поголемиот дел од мечот дозволи Рома да се врати од 2:0 негатива за 2:2 реми на „Сан Сиро“ во неделното дерби.
Пјер Калулу го отвори резултатот на мечот во 30. минута, откако по асистенција на Сандро Тонали, постигна прекрасен гол со глава, а „волчицата“ изгледаше немоќно во првото полувреме, со речиси 70 отсто на посед на топка на „Диаволо“.
Милан го удвои водството во 77. минута, кога Рафаел Леао му асистираше на Томас Побега за 2:0 и најавување на катастрофа на гостите, кои уште немаа упатено директен удар на голот на Татарушани. Меѓутоа, во 87. минута Ибањез го најде патот до мрежата на Милан, за да го направи финишот на мечот супер-интересен, за во 93. минута, по еден корнер, Теми Ејбрахам да го матира Татарушану и да ја расипе домашната „забава“.
На крајот, Милан остана трет со 37 поени, колку што имаат и Јувентус пред нив (со подобра гол-разлика), додека Рома е шеста со 31 поени, колку што имаат и Лацио пред нив.