Top Sport

Барса извлече голема победа на „Метрополитано“, избега на врвот на табелата

Барселона го искористи „киксот“ на Реал Мадрид и неочекуваниот пораз од Вилјареал, за да ги совлада Атлетико Мадрид со 0:1 на дербито на „Метрополитано“ и да се одвои на три поени на врвот на табелата во шпанската Ла лига.

Клучниот момент на мечот беше во 22. минута од мечот, кога по одличната акција на Педри, Гави му асистираше на Усман Дембеле, кој без проблем го совлада Јан Облак со својот седми гол за Барселона оваа сезона. Фудбалерите на Атлетико протестираа што судијата го дозволи голот, сметајќи дека Гави направил фаул над Реинилдо при асистенцијата.

Иако Барселона почна подобро во текот на мечот, Атлетико полека ја презеде контролата на мечот и имаше две шанси преку Гризман и Хименез во првото полувреме. И во второто, притисокот на „рохибланкос“ растеше и само одличните реакции на Тер Штеген ја спасија Барселона од израмнување. Нервозата која растеше во текот на мечот во 92. минута донесе директни црвени картони за Стефан Савиќ и Феран Торес, кои беа вклучени во неверојатен боречки меч, за во 94. минута, одличната реакција на Араухо да спречи сигурен гол од Гризман и да ја обезбеди победата и трите поени за тимот на Чави Ернандез.


Standings provided by Sofascore

Scroll to Top