Top Sport

Нурмагомедов целосно се повлече од ММА

Поранешниот шампион на УФЦ во лесна категорија, Хабиб Нурмагомедов, целосно се повлече од ММА. Дагестанецот, работеше како тренер откако во 2020 година ја заврши кариерата.

Оваа вест дојде прилично неочекувано, а ја потврдија и релевантните руски и светски медиуми.

Веста е шокантна, особено во контекст на фактот дека допрва претстојат најголемите предизвици за долгогодишниот другар на Хабиб, а сега негов ученик, Ислам Махачев. Хабиб Нурмагомедов беше негов главен тренер во походот за титулата шампион на УФЦ во категоријата до 70 килограми.

Махачев го освои претходниот октомври победувајќи го Чарлс Оливеира, а појасот ќе го брани во февруари против Александар Волкановски.

Многумина претпоставуваа дека Хабиб ќе ја преземе улогата на неговиот покоен татко Абдулманап Нурмагомедов, кој е креатор на дагестанскиот стил, кој го освои УФЦ. Абдулманап тренирал бројни борци од Кавказ, а во 2020 година почина од корона вирусот.

Причината поради која Нурмагомедов ја напушта тренерската работа е прилично едноставна – тој сака да поминува повеќе време со семејството. Последниве години „Орелот“ поради работа многу беше далеку од дома и пропушти голем дел од животот на двата сина и ќерката.

Scroll to Top