Top Sport

Нема крај на лошите серии на Клиперси и Феникс

Кошаркарите на ЛА Клиперс и Феникс Санс доживеаја нови порази во НБА лигата. Двата тима немаат победи на последните шест натпревари.

Клиперс на домашен терен загубија од Атланта Хокс 108:112. Клиперси имаа минус од 17 поени во првиот дел, во последниот период влегоа со предност, но на крајот Атланта со серијата 17:4 стигна до 18. победа сезонава.

Кај Клиперс најдобри беа Каваи Ленард со 29 поени и Ивица Зубац со 17 поени и 18 скокови. Атланта ја предводеше Тре Јанг со 30 поени.

Феникс Санс се поразени од Кливленд Кавалирс 98:112. Кавалирс ги предводеа од Донован Мичел и Дариус Гарланд со по 22 поени.

Девин Букер, Крис Пол, Камерон Пејн, Камерон Џонсон и Џеј Краудер го пропуштија овој натпревар за Санс. Најмногу, кошеви, вкупно 25, постигна Дуан Вашингтон јуниор.

Scroll to Top