Ден по поразот од Црвена звезда, македонскиот шампион МЗТ, објави се засили со Кеандре Кук. Американецот доаѓа на местото од Адем Мекиќ кој го напушти клубот.
МЗТ и Мекиќ се разделија спогодбено, клубот позитивно одговори на барањето да му овозможи кариерата да ја продолжи во странство.
Кук (25 год, 196 см), потпиша договор со МЗТ до крајот на сезоната. Станува збор за бек-шутер, чие најсилно оружје се ударите за три поени, а кој доаѓа од францускиот прволигаш АДА Блус. Кук е поранешен студент на универзитетот Мисури стејт.
Тој денеска треба да пристигне во Скопје, а дебито во сино-белиот дрес се очекува за следниот понеделник на гости кај Партизан во Белград.
Извор/mztskopjeaerodrom.mk