Top Sport

Челси ги „претркаа“ Јунајтед и Арсенал за потписот на Жоао Феликс

Жоао Феликс е пред трансфер во Челси, откако „сините“ стигнаа до вербален договор со Португалецот за позајмица од Атлетико Мадрид, така „претркувајќи“ ги Арсенал и Манчестер јунајтед, тврди „Атлетик“.

Според нивните извори, Челси ќе платат 11 милиони евра за шестмесечна позајмица за брзо решение на проблемите на клубот, кој падна на 10. место во Премиерлигата и во саботата беше исфрлен од ФА купот по 4:0 поразот од Манчестер сити. Челси веќе ги донесоа Давиде Датро Фофана и Беноа Бадијашил во јанаурскиот преоден рок.

Феликс, исто така, немаше најдобра сезона со Атлетико, каде што не ги оправда 127-те милиони евра кои „рохибланкос“ ги платија за неговиот трансфер од Бенфика, со само четири гола во Ла лига оваа сезона.

Scroll to Top