Top Sport

Тод Бели веќе не е спортски директор на Челси?

Американецот Тод Бели се повлекол од својата улога на преоден спортски директор на Челси, тврди „Телеграф“, ангажирајќи ги новиот директор за глобален развој, Пол Винстенли и новиот технички директор Кристофер Вивел како одговорни за трансферите во лондонскиот клуб.

Бели, кој ја предводеше американската компанија која го купи Челси од Роман Абрамович, се постави самиот за спортски директор по заминувањето на Марина Грановскаја и Петр Чех, но сега ќе функционира само како претседател на клубот, откако клубот иако потроши 270 милиони фунти на засилувања во текот на летото носејќи ги Рахим Стерлинг, Пјер-Емерик Обамејанг, Марк Кукурелја, Калиду Кулибали и Весли Фофана. Челси исто така го сменија менаџерот Томас Тухел и на негово место го донесоа Греем Потер од Брајтон, но сега се на 10. место во Премиерлигата со 10 поени заостанување од четвртопласираниот Манчестер јунајтед.

Бели и ко-сопственникот Бехдад Егбали, уште ќе бидат дел од одлуките за трошењето на клубот, но Вистенли и Вивел ќе бидат одговорни за преговорите и идентификувањето на потенцијалните засилувања.

Scroll to Top