Top Sport

Енцо Фернандез останува во Бенфика и е среќен поради тоа

Тренерот на Бенфика, Роџер Шмид вели дека треба да се стави крај на шпекулациите за трансфер на Енцо Фернандез во Челси, посочувајќи дека фудбалерот е среќен што ќе остане во португалската лига.

По повеќе недели шпекулации околу Фернандез, Шмид вели дека „случајот е завршен“ и младиот Аргентинец, кој беше прогласен за најдобар млад фудбалер на СП во Катар веќе се вратил на тренинзи со клубот.

„Како што кажав уште минатата работа, случајот е завршен. Тој е наш фудбалер, среќен е со нас и е клучен играач во моите планови“, изјави Шмид, кој претходно ги обвини Челси дека покажуваат недостаток на почитување за Бенфика и Фернандез со лажните ветувања дека ја платат неговата откупна клаузула.

Речиси сигурно во Челси ќе бидат задоволни од најавениот трансфер на Жоао Феликс од Атлетико Мадрид.

Scroll to Top